Tags: ,
Најмоќниот Golf во историјата на Volkswagen

333 коњски сили за 20-годишнината

» Можеби го сакаме повеќе како TDi, ама никој нема против да биде и GTi – Volkswagen Golf во сите свои изданија е точно она што треба да биде. Посебно ако е некое вакво, како ова јубилејното по повод 20-годишнината од формирањето на R Performance одделението и претставувањето на Golf R32. Ја има ознаката Golf R 20 Years Edition, која не кажува дека е најмоќниот фабрички Golf направен било кога. Базиран е на стандардниот Golf R, од кој е за 13 коњи посилен – ги има точно 333. Се пренесуваат на сите тркала преку седумстепен менувач со двојна спојка, а што можат Volkswagen не кажува. Не кажува ниту која му е цената, а од околу се дознава дека нарачките ќе започнат да се примаат наредната недела. Дотогаш ќе дознаеме сé.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *