Tags: , , ,
Mercedes-AMG One: Мора да сме биле пијани кога го одобривме (2*видео)

Сé уште го чекаме…

» Првиот човек на Mercedes, Ола Келениус, низ шега го прокоментираше макотрпниот процес на развојот на моделот AMG One кој сé уште нема стигнато до сериското производството. Тој најавувајќи дека за него ќе откријат повеќе информации за неколку недели истакна дека целата работа беше исклучително напорна и претставуваше голема главоболка за управата на компанијата. „Тимовите на AMG и формула 1 ни пристапија и рекоа дека имаат сјајна идеја – хиперавтомобил со техника од F1 болид. Би морал да ги прегледам белешките, ама сигурен сум дека сме биле пијани кога прифативме“, рече тој.

Според она што се знае за овој автомобил, годинава треба да започне неговото производство. Тој под работната ознака Project One најавен уште во 2017-тата. Целата планирана серија од 275 примероци веднаш се распродаде и покрај високата цена од 2,27 милиони евра. Ќе забрзува до 200 km/h за нешто помалку од 7 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 400 km/h. После премиерата на серискиот модел како дел од маркетиншките активности ќе биде пласиран и документарен филм за танталови маки што го следеа неговиот развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *