Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>26 мај 1927 година (2*видео)

Автомобилот кој покрена револуција во автомобилската индустрија замина во историјата

» На денешен ден 1927 година Ford го произведе последниот примерок во САД на Model T, најавувајќи го неговиот наследник Model A заради чие производство погоните беа затворени за да се подготват машините за него. Автомобилот кој ги постави Америка и светот на тркала има значајно место во човековата историја. На Хенри Форд и неговите инженери им требаа цели пет години да направат автомобил каков што сакаа – издржлив и евтин, наменет за широките маси. Во тоа успеаја дури во 20-тиот обид, заради што тој ја доби буквата Т, која е 20-та во абецедата. Ја започна револуцијата во автомобилската индустрија со воведувањето на монтажната лента во 1913 година заради што Ford беше во можност евтино да го произведе притоа плаќајќи ги работниците повеќе – во 1925 година од него се произведуваа по 9 до 10 илјади примероци дневно. На почетокот Model T чинеше 825 долари, што е еквивалент на денешни 23.500. Со текот на времето цената постојано се намалуваше и стигна до само 260 долари (денешни околу 3.800). Неговото производството продолжи надвор од САД – последниот автомобил беше произведен во Ирска во декември 1928 година. Со вкупно 15.007.033 направени остана автомобил со најмногу произведени примероци до 1972 година, кога приматот го презеде Бубата на Volkswagen.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *