Кога ќе пораснам, сакам да бидам Maybach!
» Германскиот тјунер Hofele, специјалист за Mercedes, се погрижи за сериозен мејкап на новиот GLE. Пакетот за разубавување е достапен за сите верзии бидејќи нивните преработки не подразбираат засилување на моторот. Тој предвидува двобоен екстериер, хромирани елементи, маска со ново лого, поинакви 23-инчни тркала, напа кожа и алкантара за ентериерот и дрвен под и алуминиумски детали во багажникот.
Цената на моделот HGLE Ultimate кој е на сликата изнесува солени 150.392 евра, што е двојно повеќе отколку она што Mercedes го бара за стандардниот GLE 450 4Matic. Кој сака, сите наведени елементи може да ги нарача и поединечно.