Tags: , , ,
Aston Martin AMB 001 (видео)

Дали е ова новиот мотоцикл на агентот 007?

» Дали со лимитирана продукција и верзија само за тркачка патека на AMB 001, Aston Martin сака да ја пренесе уметноста за правење автомобили и на две тркала? Тоа е легитимно прашање кое бара одговор директно од стратезите на славната британска марка. Тоа што ние можеме да го видиме од промотивните снимки е здиводземачки мотоцикл кој интензивно се тестира во Франција пред неговото појавување во јавност.

Под прекрасно дизајнираните елементи поставен е V-twin мотор од 997 кубни сантиметри. Спецификата се крие во фактот што за постигнување на максималните 300 km/h на моторот му помага турбо компресор. Силината се пренесува преку менувачка кутија со шест степени на пренос. За контролирање на тежината и постигнување голема цврстина рамката е изработена од егзотични материјали, како што се специјалните карбонски влакна и титаниумот. Покрај ограничената серија, употребата на скапите материјали е уште едно оправдување за високата цена.

При проектирањето на мотоциклот помош е побарано од британските специјалисти Brough Superior, а за рачната изработка е задолжена работилница од Тулуз. Среќниците што ќе успеат да дојдат до примерок од егзотичниот ендуро тркач ќе добијат и бонус во вид на повеќедимензионална ексклузивност во вид на серија од само 100 примероци кои ќе се продаваат по цена од 100.000 британски фунти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *