Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>14 декември 1983 година

Индискиот народен автомобил

» При крајот на ’70-тите години, Индија имаше потреба од помасовно сопствено производство на автомобили. Иницијатор на проектот Maruti беше Санџај Ганди, синот на тогашната премиерка Индира Ганди, кој во 1980 година загина во авионска несреќа. Сепак, разговорите со Suzuki продолжија и компанијата беше основана една година потоа а првиот модел, Maruti 800, беше промовиран на роденденот на Санџај, 14 декември 1983 година. Тогаш лично Индира Ганди му ги предаде клучевите на првиот купувач кој беше избран по пат на жрепка. Популарноста на Maruti 800 беше толку голема што за него се чекаше и до три години, а се произведуваше сé до 2014-та година. Вкупно беа произведени 2,87 милиони возила, од кои околу 200 илјади беа извезени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *