Што колку штеди?

Тајните на штедливоста на современите автомобили

» Искрено, само една е вистина – дали автомобилот ќе ви троши помалку или повеќе зависи најмногу од тоа како ќе го возите и како ќе го одржувате. Сето друго се нијанси, но и тие собрани на купче знаат прилично да допринесат за штедливоста на современите автомобили. Но ниската потрошувачка на гориво е можна само со низа мерки – поединечно тие би имале мал или никаков ефект. Со бројки изразено тоа значи дека до пред некоја година фалениот а сега веќе вообичаен downsizing на моторите овозможува заштеда од 10 до 15% гориво, подобрата аеродинамика 5 до 10%, современите системи за вбризгување и турбо компресорите 7 до 8%, помалата тежина на возилата 5 до 7%, зголемените преносни односи во трансмисијата до 3%, термичкиот менаџмент на моторот 3%, автоматизираните менувачи 2%, старт-стоп системот 2%, пневматиците со низок отпор исто 2%… Сепак имајте предвид дека овие фактори не влијаат еднакво кај секој автомобил – да е така, нивното истовремено користење би направило модерните автомобили да трошат колку запалка за цигари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *