Tags: , , ,
Xpeng P5: Без пардон (видео)

По вкус на европските купувачи

» Кинезите полека но без пардон навлегуваат на европско тло. Еден од производителите кој ја најде вистинската формула за пробивање на мразот е Xpeng, кој од крајот на 2020-тата е присутен во Норвешка, а сега започна да се шири и во други земји во нашиот дел од свет. Први на списокот се уште Холандија, Шведска и Данска, чии купувачи ќе имаат можност да се запознаат со лани претставената кинеска електрична лимузина P5 која настапува како ривал на Tesla Model 3 но и на BMW i4. Нарачките веќе се примаат по цени кои се движат од 39.400 во Норвешка до 53.300 евра во Шведска. За споредба, цените во Кина стартуваат од 22.600 евра.

Европската верзија има електромотор кој испорачува 211 KS и е способен да ја дотера до 100 km/h за добри 7,3 секунди, додека максималната брзина е лимитирана на 150 km/h. Подржани се полначи до 70 kW а пакетот батерии од 66 kWh овозможува вкупна автономија според WLTP протоколот од околу 465 km. На кинеските купувачи на располагање им се и батерии со капацитет од 56 и 71 kWh, но не е познато дали постои шанса во наредниот период да бидат понудени и на европскиот пазар. Исто не е познато ни кога и каде ќе биде проширено присуството на марката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *