Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>26 април 1948 година (видео)

Првиот нов поствоен модел од големата тројка

» Првите години по завршувањето на втората светска војна американските производители ги искористија за наново покренување на производството на возила и консолидирање на продажбата, нудејќи ги своите предвоени модели. Не брзаа многу со развој на нови – прв од големата тројка што го стори тоа беше Ford, кој на денешен ден 1948 година започна со производството на својата нова серија автомобили едноставно наречени 1949 Ford, како моделската година под која ќе се нудат – ознаките што ги имаа се однесуваа на нивото на опремата и изведбата: лимузина со две и четири врати, купе, кабриолет и караван. Имаа нов дизајн и конструкција, но стари мотори – 3,7 литарски шестцилиндричен со 90 и 3,9 литарски V8 со 100 KS. Овој модел кој се произведуваше до 1951 година го врати Ford на првото место во САД според продажбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *