Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>29 март 1995 година

Автомобилот кој ја најави смртта на Rover

» Во моментите кога Rover се клатеше меѓу славното минато кое дефинитивно замина во историјата и неизвесната иднина бидејќи една година пред тоа беше продаден на BMW кој не знаеше што да прави со него оти немаше што како техника да му понуди, се појави втората генерација на моделот 400. Тој на основа на Honda Civic беше развиван како алтернатива на европските модели како што беа Mondeo и Vectra, но по сите карактеристики освен по повисоката цена беше поблизок до помалите Escort и Astra. Иако имаше воздржано современ изглед сепак им се бендиса на купувачите од Островот, но не за долго – тие после година-две започнаа да го избегнуваат, што возачите од континентална Европа го правеа уште од првиот момент на неговото појавување.

Rover 400 сепак се покажа како пожилав и успеа да ги преброди сите турбуленции и благо редизајниран и пазарно репозициониран продолжи како Rover 45 да живее и после 2000-тата под водството на новиот сопственик на марката, сé до нејзиното продавање во 2005-тата на Nanjing кога Honda ги раскина договорите за лиценцирање на технологиите и ги демонтираше преостанатите алати од фабриката во Лонгбриџ пред таа да премине во кинески раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *