Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>25 април 1931 година

Ден кога историјата на автомобилите започна да се менува

» На денешен ден 1931-вата тогаш 56-годишниот Фердинанд Порше реши да ја напушти својата успешна инженерска кариера што меѓу другите компании ја имаше и во Daimler-Benz и го регистрираше бирото за конструкција и консалтинг на мотори и возила Dr. Ing. h. c. F. Porsche GmbH. Заради неговата тенденција да развива конструкции скапи за производство од првите две нарачки што го доби од Zündapp и NSU не се изродија сериски автомобили. Среќата му се смени со развојот на тркачкиот болид на Auto Union во 1933 година, за веќе наредната 1934-та германската асоцијација на автомобилската индустрија во име на владата да го ангажира за креирање на идниот народен автомобил од кој подоцна произлезе Volkswagen Typ 1, односно Буба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *