Tags: , ,
Volvo има систем за рано предупредување од опасност

Добредојдено во пресрет на вистинската зима

» Кој друг ако не Volvo? Да, секако, говориме за системи на безбедност. Најновиот сериски уред е базиран на размена на податоци по пат на мрежа која е поставена на „облак“. Во принцип штом возач на Volvo возило го вклучи светлосниот сигнал за опасност (Hazard Light Alert) или пак наиде на лизгав пат (Slippery Road Alert), информацијата веднаш се пренесува на сите возачи на Volvo кои се наоѓаат во близина, односно кои наидуваат на такви услови на пат. Со таа автоматска размена на податоци може да се спречат незгоди, поготово на критични места како што се брзи свиоци, замрзнати засеци или пак на премини преку висински точки каде што видливоста е осетно намалена.

Безбедносните истражувања на Volvo покажуваат дека прилагодувањето на брзините кон реалната ситуација во сообраќајот може радикално да го намали ризикот од несреќи. Со алармирање на луѓето за опасностите на кои што можат да наидат и овозможувајќи им навремено да се прилагодат, поврзаните безбедносни технологии можат да поддржат побезбедно однесување на возачот и да ја зголемат вкупната безбедносна состојба. „Споделувањето податоци за безбедноста меѓу возилата во реално време може да помогне да се избегнат несреќи“, истакнуваат од центарот за безбедност на Volvo Cars.

Сличен систем на комуникација помеѓу возилата во кого учествуваа поголем број на производители беше предложен уште пред 12-13 години. Тој систем (наречен Car2Car) имавме можност и практично да го провериме на затворена патека во Бугарија, но за жал тој никогаш не доживеа сериско вградување. Сега својата технологија Volvo ја нуди и на останатите производители, а се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. Да потсетиме: од лани во сите свои возила Volvo електронски ја ограничи максималната брзина на 180 km/h.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *