Tags: , , , , ,
Schulz 190E Stadt – Најгрдиот Mercedes било кога (со видео)

Хечбек што Mercedes не го сакаше

» Слабо познат факт е дека подготвувајќи ја W201 серијата Mercedes во 1981 година има направено концепт на мал хечбек наречен 190E Compact Car (на видеото), кој веднаш беше отфрлен. Но идејата за ваков автомобил не умре со него и некоја година подоцна неа ја оживеа компанијата Schulz-Tuning со своја скратена на околу 4 метри варијанта на популарниот 190 со користење на делови од каросеријата на караванската верзија на W124. Колку успешно, можете да видите од фотографиите од еден од ретките преживеани модели. Тоа секако на Mercedes не му се допадна заради што на Schulz 190E Stadt како што беше наречен овој модел, не му беше дозволено да ја носи трикраката ѕвезда, иако примерокот на фотографиите ја има. Механиката остана стандардната од 190 и тој можеше да се добие дури и со 2,6 литарскиот шестцилиндричен мотор со 160 KS. Не е познато колку возила се направени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *