Tags: , , , ,
Продажбата на нови возила во Германија намалена, прв Volkswagen Golf

Golf и понатаму го предводи орото

» Според извештајот на  асоцијацијата на автомобилската индустрија VDA, лани во Германија се продадени 2,92 милиони нови возила, меѓу кои VW Golf со 136.324 испорачани примероци е на првото место. Опаѓањето ќе беше поголемо да не беше привременото намалување на данокот на додадена вредност, што како бенефиција го искористија многу граѓани поевтино да дојдат до нов автомобил. Затоа и продажбата во декември порасна за 10 отсто, искачувајќи се на 311.394 новорегистрирани возила. Делумно опоравување на пазарот се очекува годинава, но колкаво ќе биде зависи од тоа како ќе напредува коронавирусот.

Светла точка во нарушените пазарни текови лани беше порастот на популарноста на електричните автомобили, чија продажба порасна за три пати, на 194.163 возила. Во моментов на германските патишта 1,2 отсто од сите регистрирани патнички автомобили се електрични.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *