Tags: , ,
BMW XM – брутален SUV на иднината (5*видео)

Пристигнува идната година

» BMW ги потроши скоро сите бројки и сега започна со користење букви – XM концептот кој кога ќе стане сериски модел ќе биде најмоќниот BMW било кога, е најава за тоа. Како десетти SUV на марката треба да започне да се произведува веќе следната година, во фабриката во САД, најважниот нивни пазар. Ќе биде достапен само во плаг-ин хибриден облик и исклучиво како М-модел. Арогантно нападниот стил на надворешноста треба да ги одрази исклучителните перформанси, динамиката, агилност и прецизноста, плус и уште електричната автономија од 80 km. Новоразвиениот М-хибриден погонски систем спојува V8 машина и електромотор кои заедно испорачуваат максимални 750 KS и 1.000 Nm. Тоа е визијата на BMW каков ќе биде патот на марката во иднина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *