Tags: , ,
Откриен новиот Mercedes GLC (3*видео)

Пресврт во размислувањата на Mercedes

» Подготвувајќи дури три плаг-ин верзии кои имаат електрична автономија од преку 100 километри, новиот Mercedes GLC најавува пресврт во размислувањата на компанијата. Не го направи бидејќи сé уште има дизели во понудата, но и тие се или благи или плаг-ин хибриди. Сите до еден мотори се дволитарски – бензинците располагаат со 204 и 258 а дизелот со 197 коњи, плус уште 23 од благиот 48-волтен хибриден систем со интегриран стартер-генератор од втората генерација. Истите со мали варијации во максималната моќност се употребени и кај плаг-ин верзиите, кои во крајна линија располагаат со 313 и 381 бензинско-електрични и 333 дизел-електрични коњи. Во сите изведби на GLC се спакувани со погон на сите тркала и деветстепен менувач.

За новиот GLC може уште многу да зборуваме, но нема. Ќе додадеме уште дека е најпродаван SUV во гамата на Mercedes – од претставувањето во 2006-тата како GLK досега има освоено 2,6 милиони купувачи. За колку новата генерација ќе ги зголеми ќе зависи и од цените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *