Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>24 декември 1898 година (2*видео)

Од облог до успешен бизнис

» На денешен ден 1898-мата, тогаш 21-годишниот Луи Рено го продаде својот прв автомобил наречен Voiturette. Употребувајќи неколку иновативни решенија меѓу кои и карданското вратило, тој се обложи дека со него ќе се искачи на Монмартр побрзо отколку автомобилите кои тогаш за пренесување на погонската сила користеа синџир како денес кај велосипедите. Добивајќи го облогот тој прими дури 13 нарачки за него, по што увидувајќи ги пазарните потенцијали се здружи со двајца свои постари браќа и ја основа компанијата која го носи нивното презиме – Renault.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *