Tags: ,
Volkswagen EA489 Basictransporter (1975-1979)

Volkswagen Transporter за сиромашни

» Во време кога опашките на нафтената криза фрлаа дебела сенка врз неразвиените земји, Volkswagen реши да помогне на малите бизнисмени таму со лансирањето на едноставно и практично возило наменето за транспорт на што и да им треба. Идејата беше тоа да биде до бесвест евтино, заради што беше замислено да се продава и како комплет кој може секој малку вешт дома сам да го состави, иако всушност тоа во име на VW го правеа дилерите во земјите каде се продаваше, заради што и низ светот може да се сретне со различна кабина. Како појдовна точка инженерите ја искористија механиката од веќе постоечките модели – најмногу од Буба, чиј 1,5 литарски мотор со 50 коњи беше сместен напред и ги задвижуваше предните тркала. Можеше да качи едвај 85 километри на час, но затоа носеше цел еден тон. Под ознаката Basictransporter беше лансирано на пазарите каде VW и Буба имаа добра репутација – Мексико, Турција, Пакистан и слични на нив земји од третиот свет. На крај неговата приказна заврши со произведени само околу 6.200 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *