Tags: , , ,
Електричниот скутер на Seat чини колку половина Ibiza! (фото галерија)

Бирајте – скутер за вас и сопругата или автомобил за целото семејство

» Seat ги објави цените на својот електричен скутер MO eScooter 125, кои и не се баш примамливи. Во Шпанија каде ќе биде достапен од ноември неговата цена чини високи 6.250 евра, а првите 1.000 купувачи кои ќе го нарачаат пред крајот на годинава ќе добијат ексклузивен пакет дополнителна опрема вреден 300 евра. Државата, пак, во склоп на еколошкиот MOVES II план, ќе им додели бенефиции во висина од 750 евра. Најевтината Ibiza во Шпанија се продава за 13.160 евра, а Mii за 9.900 евра.

Достапен во различни бои, овој скутер има електромотор интегриран во задното тркало кој развива номинални 9 (максимални 12) коњски сили. Вртежниот момент од 240 Nm му овозможува спринт од 0 до 50 km/h за 3,9 секунди и постигнување максимална брзина од 95 километри на час. Покрај на скутерот, литиум-јонска батерија од 5,6 kWh може да се извади за да се полни дома. За да не бидете бодибилдер за да ја однесете бидејќи тежи 41 kg, има вградени рачка и тркалца. Полнењето трае 6 до 8 часа, после кои скутерот може да помине урбани 137 km.

Seat MO eScooter 125 на другите главни европски пазари ќе се појави на почетокот на идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *