Tags: , ,
Kia Niro: Насочен кон иднината

Право на избор

» На саемот на мобилноста во Сеул чија цел е да ја направи одржливата мобилност достапна на сите, Kia го претстави потполно новиот Niro. Според корејскиот производител тој ја отелотворува преданоста на марката за изградба на одржлива иднина и како составен дел од нивната еколошка линија ќе одговара на сложените потреби на еколошки освестените купувачи. Со други зборови кажано, и покрај силните планови за електрификација во Kia сметаат дека купувачите имаат право на избор и Niro и понатаму ќе се нуди со хибридни, плаг-ин хибридни и електрични погонски групи.

Тоа ќе го прави со дизајн насочен кон иднината кој со досегашната генерација нема ништо заедничко. Моделот ги напушти конзервативните води и својата инспирација ја најде во концептот HabaNiro. Неговото силно влијание се огледува на секое ќоше од елегантниот и одважен кросовер чија двобојна каросерија го навестува неговиот повеќекратен карактер. Еколошкиот акцент се огледува и од воведувањето на режимот на возење во зелените зони кај плаг-ин верзијата кој автоматски ги препознава и се префрла на електричен погон. На екологијата е мислено и во внатрешноста во која се користени рециклирани и одржливи материјали.

Новиот Kia Niro ќе биде достапен на пазарот од идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *