Не, не е првоаприлска шега
» Правејќи мал пропуст мешајќи ги датумите 29 март и 29 април, вчера накратко на веб-страницата на американската филијала на Volkswagen осамна некомплетна вест со која се соопштува дека компанијата го менува името во Voltswagen of America, со цел да се потенцира електричната иднина на марката. Документот веднаш беше тргнат, но сепак се најде некој што го виде и веста се прошири, но не како предвремена првопаприлска шега иако е сосема логично тоа да се помисли. Челниците на компанијата останаа без одговор на лавината прашања од медиумите, кои претпоставуваат дека се работи за привремена, можеби и законски неспроведена промена бидејќи во 2003 година Волфсбург беше преименува во Голфсбург за да се одбележи лансирањето на петтата генерација на Golf, a истата идеја во 2016 ја искористи и Škoda за Kodiaq. Сепак постои веројатност да се работи за ребрендирање на електричната гама во Voltswagen. Во тој случај на бензинските модели во САД логото VW би имало темно сина, а на електричните светло сина позадина.
коментари