» ,
Voltswagen под истрага

Ќе кркне ли VW солена казна за својата несолена шега?

» Маркетиншкиот трик на Volkswagen со менувањето на името на својата американска филијала во Voltswagen замаскиран во првоаприлска шега не им се допадна на сите. Всушност на никого не му се допадна затоа што јавноста под влијание на убедливоста на детално смислената и изведена кампања наседна на нивната измама и поверува во приказната која после проверките преку своите извори како вистинита ја пласираа и најголемите и највлијателни светски медиуми.
Идејата на раководството на VW беше да се искористи духот на првоаприлската шега и сврте вниманието кон претстојната електрификација на понудата на марката. Токму тоа и се случи, но реагираше и берзата и акциите на компанијата скокнаа – и тоа за добри 12,5 отсто. Затоа и американската комисија за хартии од вредност и берза во сето ова виде манипулација со која на недозволив начин се влијаеше на работењето на компанијата, односно цената на нивните акции и покрена истрага против VW. Деталите не се познати – се знае само дека од Volkswagen Group of America официјално се побарани одредени информации за тоа, додека вестите за истрагата останаа без потврда или коментар од страна на VW и комисијата за хартии од вредност на САД.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *