Tags: , ,
Volkswagen нé насамари!

За што уште Volkswagen нé лаже?

» Нé лажеше за дизелите, сега не излажа за промената на името. За што уште Volkswagen нé лаже?

Откако и официјално ја објави па уште еднаш ја повлече веста за ребрендирањето на својата американска филијала во Voltswagen, вистината започна да испливува на површината, а таа е дека целата ова скаламуција наводно била само маркетиншки трик да се сврти вниманието кон претстојното лансирање на електричните возила на марката во САД. Невешто изведен, бидејќи огромен дел од оние кои ја прочитаа веста се чувствуваат насамарени – да беше лансирана на 1 април немаше да биде така, но не беше. За да нé увери во вистинитоста на сето тоа, VW дури ја промени и својата американска веб-страница, што се гледа од сликата.

Бидејќи не сме како нив да лажеме, наведуваме дека до овој момент официјално сé уште не е потврдено дека навистина се работи само за маркетиншки трик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *