Tags: , ,
Peugeot 208 продолжува да нижи награди

Peugeot 208 веќе има освоено 26 престижни награди

» На шестото издание на Business Trophies 2021 кое се одржа во Париз на иницијатива на списанието Kilomètres Entreprise, Peugeot e-208 ја освои првата награда во категоријата електрично бизнис возило за 2021 година. Наградите беа доделени од жири составено од четиринаесет новинари, од кои 12 беа од редакцијата на списанието. Станува збор за девет бизнис-трофеи за вкупно 79 возила избрани помеѓу иновативните креации, што ги исполнуваат критериумите за професионална употреба во компаниите. Во категоријата електрично бизнис возило за 2021 година, Peugeot е-208 победи 11 кандидати со вкупно 20 поени и ја освои првата награда.

Peugeot 208 веќе доби 26 награди од неговото лансирање во октомври 2019 година, вклучувајќи ја и титулата Автомобил на годината за 2020-та. Новиот Peugeot 208 ги вклучува најновите стилски кодови на марката, особено со иновативниот i-Cockpit со 3-Динструмент табла, при тоа безбеден и естетски. Тој им овозможува „слобода на избор” на идните клиенти, бидејќи нуди верзии со три различни мотори: електричен, бензински и дизел. „Многу сме горди што Peugeot е-208 е признат како најдобро деловно електрично возило на годината. Стратегијата на брендот за создавање производ на оваа мулти-енергетска платформа е наградена и дозволува 208 да биде препознатлив по неговите внатрешни квалитети. Имаме амбиција да го зголемиме обемот по оваа година на целосна комерцијализација, Peugeot е-208 има најдобри трошоци за употреба во својата категорија и ние мора да продолжиме да напредуваме за да достигнеме пазарен удел повисок од оној на 208 со мотор со внатрешно согорување”, рече Хугуес де Лааге, менаџер за бизнис продажба на Peugeot во Франција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *