Tags: , ,
Колку трошат електричните возила?

Шампион Hyundai Ioniq

» Американската агенција за заштита на животната средина EPA (Environmental Protection Agency) има спроведено опсежно истражување за реалната потрошувачка на струја на електричните возила. Тие, исто како и нивните пандани опремени со класични мотори, различно ја трошат енергијата. Врз потрошувачката пресудно влијание има тежината – стара вистина е дека килограмите трошат. Покрај овој фактор секако дека силно влијание имаат и обликот на каросеријата (аеродинамиката), потоа начинот на возење и на крајот (или на самиот почеток) тука е силното влијание на ефикасноста на моторот и останатите погонски склопови.

Кај електричните возила контрадикторно е барањето за зголемување на автономијата – вградување на батерии со поголем капацитет значи пак дека нивната тежина придонесува кон побрзо трошење на истата таа енергија. Од друга страна на проблемите стојат неспоредливо поедноставниот погонски склоп и останатите механички делови за пренос. Електромоторите можат да бидат сместени во предниот или задниот дел, централно на оските или пак, како кај спортските електрични возила, на секое тркало по еден. Сите овие можност во последната деценија интензивно се испитуваат, па не е за чудење големиот напредок што е постигнат во секоја сегмент па дури и во секоја посебна компонентна.

Се навраќаме на испитувањето на американскиот инстиут кој успеа да спореди повеќе електрични возила кои се понудени на нивниот пазар. Според нив, првите три места по ефикасност ги имаат освоено Hyundai Ioniq Electric (15,4 KWh/100 km), Tesla Model 3 Standard Range Plus (15,6 KWh/100 km) и Tesla Model 3 Long Range (16,1 KWh/100 km).

Ако пак нивните резултати ги погледнеме оддолу, ќе забележиме дека последни по ефикасност се големите SUV возила. Не е тајна дека тоа е последица на нивните големи габарити и, секако, тежината. Тоа е објаснувањето зошто на неславното последно место се најде Jaguar I-Pace.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *