Чудо од мотор
» Со цел да ги промовира своите електрични способности, Nissan во 2014-та подготви чуден прототип со уште почудна погонска механика. Наречен ZEOD RC како кратенка од Zero Emission On Demand Racing Car, овој болид својот прв и единствен настап го имаше во експерименталната категорија на 24-часовната трка во Леман истата година. Во основа е хибрид кој може да се задвижува од двата електромотора со по 150 KS или мал бензински мотор со 1,5 литри работна зафатнина распоредени во три цилиндри, кој развива фантастични 400 KS и 380 Nm! Но уште пофантастични се неговите димензии – 40 × 20 × 50 cm и тежината од само 40 kg…