Tags:
Се зголемуваат акцизите за горивата

Нови акцизи, нови малку повисоки цени

» Минатиот април, кога заради пандемијата цените на суровата нафта на светските пазари се струполија, со цел да се заштити буџетот и обезбедат доволно приходи за нормално функционирање на државата, владата привремено ги зголеми цените на горивата со воведување на дополнителни акцизи во висина од 3 односно 2 денари за литар, во зависност од берзанската цена на дериватите. Тоа беше сторено со уредба со законска сила со важност за време на вонредната состојба и седум месеци по нејзиниот престанок, период што истекува идниот викенд. Сега, само неколку дена пред тоа, покрената е постапка за измена на законот за акцизите со која одредбите на уредбата од привремени треба да се преточат во трајни, со една мала разлика – наведените суми за акцизи сега се малку поголеми. Конкретно, место поранешните 21,692 денари за литар бензин и 15,121 за литар дизел (плус дополнителната акциза), тие по усвојувањето на промените на регулативата кое е на дневен ред на собранието во понеделник ќе изнесуваат 22 односно 15,50 денари за литар, на кои треба да се додадат и 18% ддв. Значи, место да поевтинат за 2,50 денари бидејќи во моментов дополнителните акцизи изнесуваат 2 денари, горивата ќе поскапат за половина денар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *