Tags: , ,
Hyundai Grandeur – модерен класик

Hyundai гордо се враќа во осумдесеттите

» Hyundai е еден од помладите автомобилски производители, но е горд на својата историја и во последно време сака да се потсетува на неа со современа интерпретација на некои од своите модели. Овој пат изборот падна на репрезентативниот Grandeur претставен пред 35 години, кој всушност и не беше нивно дело туку само ребрендирана верзија на втората генерација на Mitsubishi Debonair. Сепак и покрај тоа овој модел има значајно место во историјата на марката заради што и беше избран за ревитализација во облик на ретро концепт со модерни технолошки достигнувања. Тој на прв поглед не се разликува многу од оригиналот, но ако се ако подобро се забележат деталите ќе се види начинот на кој Hyundai ги има споено минатото со сегашноста. Носталгија не само кај љубителите на постарите модели од Азија будат и црвените седишта во внатрешноста, која сепак не може да се пробие од доминацијата на модерните решенија. За погонот кој е електричен, нема ниту збор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *