Tags: , , , ,
Се појави електричен Porsche 911!

Провокација за Цуфенхаузен или…

» На минатонеделниот SEMA салон на откачени автомобилски креации Porsche прими ракавица во лице во облик на целосно електричен 911. Таа пристигна од компанијата која се нарекува Electric GT која во 964 генерацијата на легендата од пред три децении (според нас најубавата) вгради погонска единица од Tesla со 436 KS. Напојувана од сопствен пакет водено ладени батерии со капацитет од 47 kWh поделени на две пакувања, едно во трупот и едно под оригиналниот капак на моторот, тие покажаа дека не е така тешко да се електрифицира легендата како што тоа го тврдат Германците. Погонската група има 400-волтен систем и со опционалниот полнач од 6,6 kW кој овозможува полнење од нула до 85 проценти за 45 минути. Со целосно наполнети батерии, автономијата на овој спортист би требало да изнесува околу 260 километри.

Според податоците од компанијата која го изврши конвертирањето на автомобилот во електричен, неговата поголема тежина сега е подобро распределена и теоретски тој треба да има подобри возни својства. Но, лошото е дека конверзијата ќе ги чини сопствениците на овој модел цели 55.000 долари, плус уште 2.600 за пакетот за студена клима и 2.850 за споменатиот полнач од 6,6 kW. Ако е за утеха, Electric GT сеопфатно ја измени и надворешноста на автомобилот со поголеми лакови на предните и задните тркала и нов капак на моторот и спојлер на задната врата, а на располагање е и комплетот црни тркала прикажан на фотографиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *