Tags:
ETSC

Најопасните европски земји за сообраќај се тука, кај нас

» Според упатените, тие се во потполност очекувани и прилично поразувачки – најризично е да се патува по сообраќајниците на Источна Европа. Неславното прво место го држи Романија, каде годишно гинат по 86 луѓе на милион жители, на второто место е Србија со 83 а доста лошо котира и Бугарија со 78 загинати на милион жители. Македонија не е меѓу анализираните земји, но со оглед на нашиот црн сообраќаен биланс имаме добар „потенцијал“ да им ги загрозиме позициите. Очекувано, најдобро рангирани земји се Норвешка и Шведска со 21 односно 22-ца загинати на милион жители, а добри резултати во безбедноста во сообраќајот се забележани и во Данска и Велика Британија (26). Европскиот просек изнесува 46 загинати во сообраќајни несреќи на милион жители. Вкупно во Европа годишно на патиштата згаснуваат преку 20.000 животи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *