Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>16 декември 2004 година (видео)

Највисокиот мост на светот

» На денешен ден 2004 година беше отворен вијадуктот Мијо, највисокиот мост на светот. Со своите 343 метри височина и 2,46 километри должина се наоѓа на автопатот Париз-Барселона и ја премостува долината на реката Тарн во јужна Франција. Оваа една од најпрепознатливите и најспектакуларни сообраќајни градби во Европа која издржува ветер со брзина од 200 километри на час чинеше 320 милиони евра. Државата не учествуваше во финансирањето на изградбата која траеше три години и три месеци, така што компанијата што го изгради сега има 75-годишна концесија за наплата на патарина која се движи од 9,50 до 40,30 евра во зависност од категоријата на возилото и периодот во годината кога се поминува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *