Влијае ли чипирањето на векот на турбо компресорот?

Повеќе сила, пократок век…

» Секако дека влијае! Зголемувањето на силата со чипирање кај турбо моторите се постигнува со симнување на електронската блокада на турбо компресорот која го ограничува натпритисокот, со што расте топлинското и механичкото оптоварување на виталните делови на моторот, најмногу на турбо компресорот, клипниот механизам и издувниот систем, скратувајќи им го векот на траење. Ваквите зафати не се препорачуваат, посебно затоа што има примери кога чип-тјунирањето не е квалитетно и целосно изведено, без вградување издувен систем со поголема проточност. Имено, повеќето турбо компресори имаат по две лежишта на оската која ги спојува турбината и компресорот. Едно е радијално а друго радијално-аксијално и се спротивставува на активниот притисок. Ако натпритисокот битно се зголеми а не се вгради друга издувна гранка, се јавуваат придушувања во издувниот систем и повратен притисок кој создава аксијална сила за која турбо компресорот во конструкцијата нема соодветно аксијално лежиште што ќе ја прими и ќе настрада.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *