Tags: , ,
Како Mercedes ја докажа издржливоста на 190 (видео)

15 рекорди за 10 дена

» Моделот 190, со кодна ознака W201, беше еден од најзначајните во историјата на марката. Кога се појави во 1982 година јавноста беше одушевена од она што го гледа, но во исто време се прашуваше дали и овој Mercedes е еднакво издржлив како и останатите модели со трокраката ѕвезда. Германскиот производител тоа добро го знаеше и за да го докаже организира исклучително напорно тест возење. Задачата беше за најкратко можно време, со максимална можна брзина, да се поминат 50.000 km. Настанот беше организиран меѓу 11 и 21 август 1983 година на тест патеката Нардо во Италија, каде три примероци од перформансниот 190Е 2.3-16 запираа само за промена на возачите и пневматиците, долевање гориво и брзи сервиси на одредена километража. Така за споменатите 50.000 km им требаа 201 час, 39 минути и 43 секунди возење со просечна брзина од 247,94 km/h, со што на најдобар можен начин беше докажана издржливоста на овој модел, по пат поставувајќи 3 светски и 12 интернационални рекорди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *