Tags: , , , , ,
Пргавиот карактер на Фиќо (видео)

Како створен за спортски доработки

» Со својата самоносечка каросерија и добро изведеното ослонување, Фиќо имаше голем потенцијал за спортски доработки. Серискиот модел не беше којзнае колку стабилен заради евтините пневматици и позитивниот бочен нагиб на задните тркала, но со спуштено и потврдо ослонување и спортски пневматици Фиќо обезбедуваше уверлива стабилност. За да се извлече некоја коњска сила повеќе моторот му беше доработен на трета генералка со што работната зафатнина му нараснуваше на 785 кубни сантиметри. Ентузијастите му го подигнуваа поклопецот на моторот, помалку за негово ладење повеќе заради полутиот изглед а најмногу за подобрување на аеродинамиката, што му ја зголемуваше максималната брзина за 3 до 5 km/h.

Предностите на Фиќо ги увиде Карло Абарт кој веќе во 1956 година ја започна приказната за еден од најинтересните мали спортски автомобили подготвувајќи го Abarth 750. Неговите 42 KS извлечени од 748-те кубни сантиметри му овозможува најголема брзина од 136 km/h, а засилувањето на 50 KS што следеше го дотеруваше до 150 km/h. Следеа низа успешни модели кои го прославија Abarth – најпрво 1961-вата 850 TC кој имаше 847 кубни сантиметри и на стартот 52 KS, кои со бројните понатамошни засилувања што следеа нараснаа дури до 90, со кои овој модел жареше и палеше во својата класа освојувајќи бројни национални првенства.

Вистинската слава сепак ја постигна 1000 TC, на кој моторот му беше зголемен на 982 cm³. Во првата верзија развиваше 68 KS, за 1971-вата да биде засилен дури на 112 KS кои ги остваруваше при 8.200 вртежи во минута и постигнуваше брзина од 215 km/h. Беше жестока машина со петстепен менувач, диск сопирачки и предно ослонување со спирални пружини и амортизери која жареше и палеше на тркачките патеки и уште ќе се развиваше, но токму кога се подготвуваше верзијата со неверојатни 127 KS, Fiat го купи Abarth и дојде до смена на моделите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *