Брз колку што името му кажува

Тоа само на Jaguar му текнало…

» Колку качува е прашањето кое на сите нас како деца ни се моташе по главата, а на некои и денес. Фасцинираноста со највисоката брзина многу компании ја користеа како убедлив аргумент при продавањето возила, но никој подобро од Jaguar. Фирмата уште во времињата кога се викаше SS Cars своите спортски модели ги означуваше со бројки кои ја покажуваа нивната највисока брзина во милји на час. Прв автомобил кој на таков начин се пофали колку може да потегне беше SS 90 од 1935 година.  Но бројката од 90 милји на час (145 km/h) веќе тогаш не се сметаше за особено импресивна заради што наредната година следеше SS Jaguar 100 кој стана една од најголемите спортски икона на ’30-тите години.

По прекинот од втората светска војна следеше уште ден модел чија ознака ја покажуваше неговата највисока брзина, сензационалниот XK120 претставен 1948 година. Тогаш веќе автомобилите ги немаа буквите SS во ознаката заради нивната нацистичка конотација, а компанијата официјално беше преименувана во Jaguar. Иако иницијално замислен како малосериски модел, тој стана толку популарен што беа произведени повеќе од 12.000 примероци, а доби и два редизајнирани наследника кои за да се покаже дека се подобри номинално ги носеа ознаките XK140 и XK150 иако никогаш не ги достигнаа тие брзини. Кога пак се појави наредниот модел кој навистина постигнуваше 150 милји на час, марката веќе не можеше да ја употреби веќе искористената ознака XK150 и тој беше наречен E-Type.

Во децениите што следеа Jaguar уште два пати го искористи ваквиот начин на означување на моделите. Во 1988 година беше претставен сензационалниот прототип XJ220 со интегрален погон и моќен V12 мотор, но кога се појави серискиот модел имаше само погон на задните тркала, турбо V6 мотор и не ја постигнуваше таа брзина. Една деценија по него беше направен и атрактивниот концепт XK180 за кој Jaguar одлучи да не го развие во сериски модел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *