Tags: ,
Audi Duo (1989)

Првиот плаг-ин хибрид на Audi

» Историјата на хибридните возила е долга, а во неа свое место има и Audi,  кој го претстави својот прв плаг-ин хибрид уште во 1989 година. Возилото беше базирано на 100 Avant со 2,3 литарски бензински мотор со пет цилиндри и 136 KS кој ги задвижуваше предните тркала. Назад беше вграден електромотор од Siemens со 12 KS, кој можеше да се активира само кога возилото стои. Батериите составени од 54 сериски поврзани никел-кадмиум акумулатори, тешки 181 kg, се наоѓаа под дното на багажникот и после  45 минути полнење обезбедуваа 40 километри автономија со брзина помала од 50 km/h. Покрај регенеративното кочење, за дополнително полнење на батериите на покривот на возилото беа вградени соларни панели.

Ова возило чии модификации чинеа скоро половина од цената од стандардниот модел, заради комплексноста на целиот систем не стигна до сериско производство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *