Неизсонуван сон
» Историјата на Alfa Romeo ги памети педесеттите години како период во кој марката со својата креативност во полн ек создаде некои од најубавите класични автомобили карактеристични со своите обележја како од механички така и од естетски аспект. За жал, во напливот исклучителни модели доста од нив не го најдоа патот до сериското производство останувајќи само да претставуваат мост меѓу вредностите на минатото и иднината, врска која е непроценлива за љубителите на брендот. Два такви вредни бисера од историската колекција на неприкосновената икона на италијанскиот автомобилизам се и 2000 Sportiva и 1900 Super Sport од 1954 година на кои им беше доверено да го чуваат наследството на марката.
Со намера да бидат лансирани во мала серија од стотина примероци, и двата модела се замислени и изведени како автомобили со високи перформанси погодни за возење како на пат, така и на спортски натпревари. Механиката им е идентична, базирана на тубуларна шасија со дедионова задна оска со петстепен менувач сместен пред неа и дволитарски четирицилиндричен боксер со двојни брегасти оски и максимална силина од 138 KS при 6.500 вртежи во минута. кој овозможуваше брзина од 220 km/h. Алуминиумската каросерија сосема различна кај двата модела ја красеа аеродинамични и доста елегантни линии креирани во студиото на Bertone. Беа направени само по два примерока и од купето и од спајдерот.