Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>7 октомври 1948 година (видео)

Старт со задоцнување од девет години

» На денешен ден 1948 година, девет години подоцна од планот, Citroen го претстави Спачек. Развојот на овој еден најпопуларните и најпрепознатливи автомобили во историјата започна уште во 1936 година и тој до летото 1939-тата беше подготвен за претставување. Беше хомологиран и беа отпечатени промотивните материјали – се чекаше само салонот на автомобилите во Париз за каде беше закажана неговата официјална премиера. Но еден месец пред тоа Франција и објави војна на Германија… Закопувајќи ги под земја на локации што само тие ги знаеја, инженерите успеаја да спасат неколку прототипи врз основа на кои ја продолжија својата работа после војната за да на денешен ден ’48-тата Спачек ја дочека својата премиера.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *