Tags: , , ,
Abarth F595 (со видео)

Со срце од формула 4

» Изведен како концентрација на тркачките искуства и темпераментната италијанска механика, Abarth F595 е создаден да пружи максимални перформанси и забава. Тоа го гарантира срцето од формула 4, директно трансплантирано од болидите на тимот Tatuus кои се користат во италијанскиот и германскиот шампионат. Се работи за патна верзија на хомологираниот 1,4 литарски T-Jet мотор со 165 KS и 230 Nm вртежен момент кои ги остварува при само 2.250 вртежи. Впарен е со мануелен, ама кој сака може да го добие и со 5-степен автоматизиран менувач. Најголемата брзина на Abarth F595 е 217 km/h, а за спринт до 100 km/h му требаат 7,3 секунди. Она што дополнително го прави различен е и Record Monza Sovrapposto активниот спортски издув, сега еволуиран во нова конфигурација со два пара вертикално поставени цевки.

Достапен во хечбек и кабриолет верзии, Abarth F595 се одликува со Rally Blue детали кои се истакнати на ретровизорите и браниците. Спортскиот изглед дополнително го подобруваат 17-инчните тркала, а во внатрешноста кожениот управувач, спортските седишта, црните дизајнерски детали и друго. За моментите пак кога нема да се вози како формула 4, сериски е опремен со 7-инчен HD Uconnect систем со дигитално радио и Apple CarPlay и Android Auto компатибилност. Цената во Италија промотивно му е поставена на 22.700 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *