Tags: , ,
Kia Ceed заблеска во ново издание (со видео)

Со новото лого, низа подобрувања

» Kia е еден од производителите што нуди сеопфатен предлог во Ц-сегментот на пазарот, а трајното присуство на Ceed ја крена репутацијата на брендот. Неговата улога е клучна во настапот на корејската марка во Европа, бидејќи тоа е моделот што прв беше дизајниран и направен во Европа со цел да ги привлече европските вкусови. Сега придонесувајќи со 28% од европскиот удел на Kia, палетата Ceed останува силен конкурент во сите сегменти и самоуверено стои покрај многуте најпродавани брендови кои доминираат во овој сегмент со децении.

Однадвор, новиот изглед создава современ и динамичен став. Во комплетно редизајнираниот преден дел се појавува новото лого на Kia, со што се рефлектира новото мото „Движење што инспирира“. Иконската маска на „тигров нос“, што го прави Ceed препознатлив е надградена и отсега доаѓа во сјајна црна боја со хромирана лајсна. Кај моделите со плаг-ин технологија таа е затворена и има впечатлива завршница во контрастни бои. На страните до израз доаѓаат новите отвори за воздух кои сега продолжуваат до крајот на браникот, со што му даваат поспортски изглед на автомобилот. На задната страна, за да се потенцира едноставноста на новото лого, површината помеѓу ЛЕД светлата е измазнета за да го прими новиот елегантен амблем. Со мали промени е и дифузерот во долниот дел од браникот кој исто така има сатенски хромиран завршеток кој се протега околу целиот автомобилот.

Редизајнот на Ceed во отсега има и нови целосни ЛЕД светлосни групи со цел да се зголеми безбедноста на патот. Во предните светла се вметнати три модули во форма на стрели кои служат за дневни светла, а истите, дејствуваат и како трепкачи. Голема новина се задните светла кај GT-Line и GT изведбите. Тие добиваат нов дизајн кој комбинира ЛЕД диоди поставени во форма на саќе и опкружени со црвена рамка. За дополнително унапредување на надворешните ажурирања, достапна е низа од 13 бои на каросеријата за да одговараат на сите вкусови на клиентите, од кои четири се нови.

Новата гама на Ceed им нуди на купувачите сеопфатен избор на конфигурации на погонски системи, вклучително и PHEV плаг-ин хибриден и MHEV благ хибриден мотор, со моќност која се движат од 100 до 204 KS. На клиентите на Ceed им е претставен и избор помеѓу два бензински агрегати, 1,0 и 1,5 литарски со турбо полнач достапни со најновата Smartstream технологија на Kia која вклучува постојано променливо време на отворање на вентилите за да се оптимизираат перформансите. Новиот 1,5 литарски мотор T-GDi се произведува во Kia во Словачка. Овој нов мотор, кој го замени претходниот 1,4 литарски T-GDi е поврзан или со 7-степен менувач со двојна спојка или со 6-степен мануелен менувач и испорачува 160 коњски сили, додека во исто време нуди и намалени емисии. Најновите ажурирања на Ceed исто така ја воведуваат MHEV и DCT технологијата кај бензинскиот 1,0 литарски турбо мотор за да им овозможат на клиентите можност за намалување на емисиите на погонскиот систем. Усвојувањето на MHEV технологијата ги подобри ефикасноста и перформансите на горивото.

PHEV моделите користат 1.6 GDi бензински мотор кој испорачува 141 коњска сила и е спарен со шестстепен менувач со двојна спојка. Овој погонски агрегат доаѓа со пакет батерии од 8,9 киловат-часа кои обезбедува електричен опсег со нулта емисија од 57 километри со едно полнење. Врвот на моделите GT е претставен со ексклузивен 1,6 литарски T-GDi мотор со уникатен звук. Овој бензински мотор е споен со 7-степен автоматски менувач и испорачува огромни 204 коњски сили.

Обновеното Ceed семејство ќе започне со производство во европската фабрика на Kia во Жилина, Словачка овој август и ќе биде достапна низ цела Европа на почетокот на четвртиот квартал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *