Tags: , ,
Toyota bZ4X пристигнува во 2022 година

Започнува електричната офанзива на Toyota

» Со години, да не кажеме децении Toyota беше резервирана во однос на електричните возила, но тие времиња веќе се минато – првиот нивни ваков модел кој го видовме во облик на концептот bZ4X ќе започне да се произведува на почетокот на идната година. Со него ќе започне реализацијата на планот на јапонската марка до 2025-тата да понуди 15 целосно електрични возила, од кои 7 ќе бидат членови на bZ семејството, што е кратенка од Beyond Zero. Развиен е на e-TNGA платформата заеднички со Subaru, а прв пазар каде ќе биде лансиран ќе биде САД.

Спецификациите и цената не му се познати, но треба да очекуваме да биде позициониран како конкуренти на Ford Mustang Mach-E и Volkswagen ID.4.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *