Tags: ,
Оживување на легендата

Пусти сништа

» Моделот CR-X има посебно место во срцата на многу фанови на Honda, за кои неговото оживување би било исполнување на соништата. Но и ова што го гледате е сон – шансите Honda да произведе ваков модел е еднакви на нула. Тој постои само во мислите на виртуелниот уметник Раин Приск од Естонија, кој го користи својот талент да креира рендери на вакви кул автомобили, меѓу кои дефинитивно е и CR-X кој после две кратоживеечки генерации исчезна од автомобилската сцена пред триесет години. Пред една деценија Honda се обиде да го реинкарнира неговиот дух со хибридниот CR-Z (на сликата долу), но целосно неуспешно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *