Денешниот ден во ретровизор <br/>27 ноември 1913 година

Замислете, функционираше!

» Едно од најчудните возила во историјата, жироскопскиот автомобил на рускиот гроф Петар Шиловски, на денешен ден 1913 година го имаше своето прво возење. Како талентиран инженер грофот Шиловски беше убеден дека ова возило кое во основа е автомобил со две тркала ќе има супериорни теренски својства како воено возило. Рамнотежата се одржуваше со помош на сложен жироскопски механизам сместен под предните седишта чиј ротор со пречник од еден метар и тежина од 600 килограми со помош на електромотор беше задвижуван до 3.000 вртежи во минута. Самото возило тешко 2,75 тони се движеше со мотор сместен надолжно кој ги задвижуваше задните тркала. Неговиот развој беше прекинат од првата светска војна, кога грофот се врати во Русија а компанијата Wolseley која го направи возилото според неговите нацрти, не можејќи да стапи во контакт со него, за да го зачува го има закопано. Кога во 1922 година Шиловски емигрира во Велика Британија дознава дека над местото на кое е закопано во меѓувреме е изградена пруга. Приказната продолжува во 1938 година кога тоа конечно е откопано и бидејќи било релативно добро зачувано (дури и гумите му останале напумпани), било реставрирано и однесено во музеј. Но само до 1948 година, кога било демонтирано. Не е познато што се има случено со остатоците

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *