Да, точно е – ова што го гледате е Ford Escort
» Кај нас го нема од 2002 година, ама во Кина Ford Escort живее. Не истиот, туку во едно друго, помодерно издание базирано на втората генерација на Focus. Беше лансиран во 2015 година и оттогаш доживеа две обновувања. Со ова второто кое јавноста за прв пат ќе го види наскоро на салонот на автомобилите во Шангај доби поинаква маска, нова хауба и ретровизори и дотерани светла и браници. Естетски измени има и во внатрешноста – инструмент таблата е дигиталната, а нов е и мултимедискиот систем. Должината му изнесува 4,63 а меѓуоскиното растојание 2,69 метри, а погонот го добива од 1,5 литарски бензински мотор со 122 KS, во пар со 6-степен мануелен или автоматски менувач.