Tags: , , ,
Dacia Sandero ќе доаѓа од Мароко

Стратегија за пониска цена и поголем профит

» Кога купува евтин автомобил, човек мора да биде подготвен на некои компромиси. Тоа секогаш се слабата опременост и застарената техника, а некогаш и местото на производството. Во случајот на Dacia тоа досега беше Романија, на што веруваме многу купувачи низ Европа не гледаат благонаклоно. Но отсега тие ќе се сретнат со уште еден предизвик – согласно својата долгорочна стратегија под знакот на Dacia да се нудат што е можно поевтини автомобили, Renault одлучи новата генерација на Sandero место во Романија ексклузивно за цела Европа да се произведува во Мароко. Зошто, не треба да се образложува – платите на работниците сигурно не се исти, а дополнително сегашните капацитети на фабриката во Питешти ќе се ослободат за некои други, малку поскапи модели како што се и Duster и Stepway верзијата на Sandero која останува да се произведува во Романија, а зошто не и за електричниот Spring.

Renault во Мароко има две фабрики – во Тангер и Казабланка, со вкупен капацитет од 250.000 возила годишно, во кои се произведуваат Kangoo, Lodgy, Dokker, Logan и Sandero.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *