Tags: , ,
Audi со Horch ќе го предизвика Mercedes

Враќање на заборавеното име Horch

» Краток преглед на минатото: во 1904 година, Аугуст Хорх основа сопствена компанија за производство на автомобили на која и го даде своето име – Horch, но само неколку години после тоа се скара со партнерите и ја напушти. Бидејќи авторските права за името гои поседуваше компанијата а не тој, новиот производител го нарече Audi, како превод на латински од неговото презиме. Скокаме до 1932 година, кога Horch, Audi, DKW и Wanderer се споија и го оформија Auto Union, чиј амблем со четирите преплетени прстени го симболизираше единството на дотогаш засебните марки. Уште еднаш скокаме, овој пат до 1969 година, кога пет години откако Volkswagen ги презеде Audi и NSU, ги спои во една компанија. Така настана денешниот Audi, кој иако индиректно, сепак води потекло од некогашниот Horch.

Токму тој момент Audi, односно VW групата, сака да го искористи да го предизвика Mercedes, кој вака или онака успеа да го ревитализира името Maybach за своите најлуксузни модели. Иста е и идејата на Audi, чии инженери со забрзано темпо ја развиваат новата генерација на A8. А таа по сé изгледа, ќе биде достапна и под ознаките на Horch. Засега во игра е само опцијата што ја има Mercedes, што значи дека овој модел ќе биде само верзија на А8 и ќе биде означен како Audi A8 Horch, без вистинско ревитализирање на марката. Но бидејќи првите вести за ова се стари веќе три години, а оттогаш се нема слушнато ништо од Audi на оваа тема, можно е и некое друго поинакво решение. Што ќе биде ќе дознаеме доста бргу, бидејќи развојот на идната генерација на А8 е при крај и веќе мора да се најде решение како ќе биде лансиран. А тоа, имал или не Horch верзија, се очекува подоцна годинава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *