Tags:
Како се мери капацитетот на багажникот (видео)

Како играње тетрис!

» Можеби звучи парадоксално, ама вистина е – и во денешните целосно дигитализирани времиња просторот на багажникот и понатаму се мери рачно, со помош на стандардизирани блокови. Тие се со димензии 20×10×5 сантиметри односно 1 литар и се сложуваат во багажникот една по една, без употреба на сила. Заради неговата неправилна форма, јасно е дека резултатот ќе зависи од вештината и искуството на техничарите кои го работат тоа. При тоа, со стандардите е дефинирано дека измерената бројка која подоцна ќе биде наведена во техничките спецификации на возилото мора да може да се повтори во секој момент. Значи, среќата е исклучена од комбинација.

Причината зошто ова се прави рачно е многу едноставна – луѓето се побрзи и поефикасни од компјутерите. Според Škoda во чија продукција е видеото, техничарите во просек остваруваат за 5 литри повеќе од компјутерските симулации. Ним за оваа работа ќе им требаат неколку часа, за разлика од компјутерите кои ќе бидат зафатени неколку дена. Дури и рачното распоредување на блоковите од страна на техничарите во програмите за 3-Д моделирање ќе потрае цел ден.

Сепак треба да се знае дека има неколку трикови кои стандардите ги допуштаат. На пример  од багажникот може да се извадат теписоните. Се мери и просторот под дното на багажникот, а при соборени задните седишта и просторот под нив под услов до него да може да се стигне со отворени врати. Но притоа предните седишта не смеат да се поместат до крај нанапред – на нив треба да се постават кукли во положба дефинирана за просечен човек, а се поставува и привремена преграда зад седиштата за да се спречи блоковите да навлегуваат во просторот меѓу нив. Плус на тоа, се додаваат и сите други разни простори низ возилото кои се наоѓаат зад предните седишта, како на пример џеповите на задните врати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *