Tags: , ,
819 хибридни коњи под отворено небо

Lamborghini Sian Roadster (фото галерија)

» Производството на автомобили памети и подобри времиња од коронавирусниов период. Но тој факт како воопшто да не влијае на пуштањето во промет на ограничените серии од егзотични егземплари. Потврди за тоа има многу, но ние сега  ќе се осврнеме на 19-те примероци кои Lamborghini ги понуди од родстер верзијата на Sian. Дека сите беа распродадени уште пред тоа, не треба да споменуваме.

Технологија од F1

Воопшто не е лесно да се спојат врвните перформанси на V12 мотор од 6,5 литри со еколошката пристојност да може да се напојуваат механичките 785 KS. Решението за тоа, сакал некој или не, мора да се бара во електриката која несебично помага во исполнување на еколошките норми. Понудениот хибриден систем во Sian Roadster функционира на напон од 48 волти и користи електромотор со релативно скромна силина од 34 KS. Спецификата лежи во акумулирањето на електричната енергија која се врши во суперкондензатори. Решението е познато од болидите на F1, а се користи поради три пати помалата тежина и три пати поголемиот капацитет отколку кај класичните литиум-јонски батерии. Конкретно, системот кој во формула го знаеме како KERS овде тежи само 34 килограми. Убав предуслов за постигнување на идентични перформанси како и купе-близнакот: максимум од преку 350 km/h и 2,8 секунди до првата стотка. Ете ја убавината на технолошкиот спој кој од Sian Roadster прави егзотичен примерок за кој вреди да се избројат најмалку 2,3 милиони евра.

Основа од Aventador

Обликот на Sian Roadster може едноставно да се опише како спектакуларен. Тука се говори за стил, традиција (елементи од легендарниот Countach), грижливо одбрани материјали (јаглеродни влакна, кевлар, кожа…) и единствена комбинација од хексагонални облици. Sian е направен на платформата која ја познаваме од Aventador. Притоа да кажеме и дека тој нема да биде последниот модел на неа платформа. Таа чест, пред претставување на наследникот на Aventador во 2022 или 2023 година, ќе ја добие најмалку уште натпреварувачкиот Squadra Corse со мотор од 830 механички коњи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *