Денешниот ден во ретровизор <br/>16 јули 1965 година

Тогаш најдолгиот и најдлабок тунел во светот

» На 16 јули 1965 година претседателите на Италија и Франција го инаугурираа тунелот Монблан, кој беше пуштен за сообраќај три дена подоцна. Со спроведување на идејата за тунел под Алпите меѓу двете земји се пристапи во 1946 година, но заради низа политички причини и комплицираната административна процедура работите на него вистински започнаа во ’59-тата. Долг е 11,6 километри и до 1978 година беше најдолгиот тунел во светот. Најголемата длабочина под која поминува изнесува 2.480 метри, која го сместува на второто светско место. Во пожар предизвикан од сообраќајна несреќа во 1999 година во него загинаа 39 лица, по што беше подложен на сериозна модернизација и беа имплементирани строги безбедносни мерки и процедури. Дневно низ него поминуваат по околу пет илјади возила, а патарината изнесува нешто под 50 евра за автомобил во една насока, односно 60 за повратен билет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *