Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>8 април 2005 година

Колапсот на британската автомобилска индустрија

» После подолг период во потрага по трошка надеж, со банкротот на MG Rover умре големосериската автомобилската индустрија во британската сопственост. Оваа компанија настана во 2000-тата година откако BMW ја продаде групата Rover на еден конзорциумот за само 10 фунти, претходно увидувајќи дека е невозможно да ја врати во профитабилни води. На банкротот на компанијата која имаше долг од 1,4 милијарди фунти му претходеа попусто потрошени години лутање по вистинскиот бизнис модел, полни со промашени деловни одлуки и чести и збунувачки редизајни и преименувања на застарените модели. Откако на крајот сé се сруши, повеќе од 6.000 луѓе останаа без работа, а остатоците од некогаш гордата британска автомобилска индустрија завршија во кинески раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *